РКЕ донесе одлука: Нафтата поевтинува, бензинот поскапува

 


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09% во однос на одлуката од 15.4.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,608%, кај дизелот намалувањето е за 5,088%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 4,799% и кај мазутот намалувањето е за 1,138%. 

Од 23.4.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 90,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,554 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,252 ден/кг и ќе изнесува 44,554 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.4.2024 година. 

22.04.2024 - 13:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега