Македонски Телеком бара работник - плата 70.000 денари
Македонски Телеком АД - Скопје има потреба од пополнување на работното место Раководител на Служба за развој на основна мрежа.
Потребни услови за работното место: Високо образование (Електро-технички факултет, телекомуникации), Одлично познавање на IP технологии и технологии за основна мрежа, Одлични познавања за дизајнирање и развој на основна и IP мрежа, Познавање на релевантното законодавство и меѓународните стандарди, Основно познавање од областа на финансиите, Добро познавање на англискиот јазик, 5 год соодветно работно искуство.
Вкупна бруто плата изнесува 70.100,00 ден. Кандидатот кој ги исполнува горенаведените квалификации треба да достави доказ за завршено образование со мотивациско писмо и биографија (CV со препораки и дипломи) на македонски и англиски јазик на следнава адреса: Македонски Телеком АД – СКопје, ул.Кеј 13 Ноември бр.6 или директно во Централната архива со назнака Молба за надворешен оглас – Раководител на Служба за развој на основна мрежа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа