Раст од 40% на продажбата на возилата Грин машинс на Брако во 2023

Растот се должи на зголемената продажба на возилата на веќе постоечките пазари во светот, но и на отворањето нови пазари во текот на 2023 година, пред се во Мексико, Индонезија, Кувајт, но и во регионот, односно во Босна и Херцеговина како нов пазар, покрај присутноста во сите други соседни држави.


Брако произведува повеќе типови возила за чистење од марката Грин машинс, на електричен, водороден и класичен погон.

Возилата се продаваат во над 60 земји низ целиот свет, а електричниот и хидрогенскиот модел се најбарани во развиените земји, каде се во склад со современите трендови за создавање на одржливи и еколошки општества.

Опремени со најсовремена технологија, се одликуваат со извонредна ефикасност и економичност, издржливи и лесни се за управување, тивки при работа и пријателски кон животната средина.

13.01.2024 - 14:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега