САД ја поддржуваат евроинтеграцијата на Македонија

Поддршката од страна на САД и понатаму ќе останат посветени на сите земји кои ќе продолжат да ги остваруваат нивните евроатлански интеграции вклучително и Македонија и Албанија. 

- „Со нетрпение го очекуваме денот кога овие земји целосно ќе се интегрираат во европските институции, што за возврат ќе ги продлабочи нашите односи и партнерство со нив“, изјави помошник портпаролот на американскит Стејт департмент Мери Харф на редовната прес конференција во Вашингтон во врска со последните одлуки на Советот на министри на Европската унија за евроинтеграциите на земјите од Запден Балкан.

Деновиве евроминистрите ја одложија одлуката за датум за почетокот на преговорите со Македонија, како и одлуката за доделување кандидатски статус на Албанија.

20.12.2013 - 09:15
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега