ВИДЕО: „Македонија е голема приказна а Македонците топли и отворени луѓе"
Во емисијата Interview 20 на босанската телевизија БХТ каде гостин беше македонскиот премиер Никола Груевски, се вели дека Македонија и македонскиот народ Босанците и Херцеговците најчесто ги паметат по убавата музика, скопската чаршија и секако, убавината на Охрид.
-Македонците отсекогаш ги доживуваме како топли и отворени луѓе, а многуммина од поранешните југословенски простори тајно им завидуваа на кујната и специјалитетите. Така Македонците своите кулинарски умешности и ги промовираа и на овој начин. Иако јазикот им е поинаков од босанскиот, српскиот или хрватскиот јазик, со Македонците веднаш ќе се разберете и без никакви проблеми. Ако имате проблем, тие ќе ви помогнат и без да им побарате помош. Македонија – тоа е голема приказна, се вели во воведот.
ука не се стои, се забрзано оди напред, кон нови бизнис идеи... Надлежните силно лобираат, патуваат низ светот, имаат прецизно дефинирани тактики и стратегии. Еве еден пример. Во Македонија за еден или два часа може да регистрирате фирма, а државата ќе ви помогне и ќе ве ослободи од давачките доколку вашите производи се наменети за извоз, цената на земјиштето со изградена инфраструктура е исклучително ниска, а ќе добиете и дополнителен поттик, средства за развивање бизнис во оваа држава. Едноставно, Македонците знаат што прават. Тие не чекаат самити и конференции за потоа да развиваат проекти, проектите веќе им се спремни и направени по сите меѓународни стандарди. Еве уште еден пример. Во нашата претходна емисија, претседателот на советот на министри Вјекослав Беванда, потврди дека БиХ од Кина осигурила 5 плус 4 милиони евра за помош на бегалците. Поголемиот дел од медиумите во земјата тоа го пренесоа како добра вест. Но дали тоа навистина е добра вест, проценете кога ќе го слушнете ова. На истиот самит, претставниците на Република Македонија добија 570 милиони евра, пренесува БХТ.
Премиерот Груевски според телевизијата веројатно е најзафатениот премиер во регионот.
-Додека македонската опозиција континуирано му приговара дека повлекува сосема погрешни потези, тој на овие коментари не обраќа многу внимание. Едноставно вели: „Таквите мислења се дел од работата на опозицијата“.Со доаѓање на власт имаше цел да привлече што повеќе странски инвестиции, па Груевски презеде неколку нови и сосема неочекувани потези. Најупадливиот е изградбата на разни споменици и историски обележја. Така во Скопје се нижеа нови плоштади и споменици, а највпечатлив е Александар Велики. Се градат споменици, се пеат песни, се снимаат промо спотови и се емитуваат на престижни телевизиски станици, како што е Си-Ен-Ен. Некои велат дека спомениците Груевски ги гради од инает спрема Грците, а тој вели дека проблемот со Грција трае многу подолго од што постојат спомениците, пренесува БХТ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа