Британскиот воен аташе во Москва прогласен за персона нон грата
Британското воено аташе во Москва, Андријан Когил, е прогласен за персона нон грата и мора да ја напушти Русија во рок од една недела, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството се наведува дека денеска во МНР е поканет претставник на британската Амбасада во Москва на разговор на кој му е упатен остар протест поради „непријателската и неоснована одлука“ донесена од британските власти на 8 мај, кога беше протеран воениот аташе во руската Амбасада во Лондон.
„Британскиот дипломат беше информиран дека, како одговор на гореспоменатата одлука, военото аташе во британската Амбасада во Москва, Андријан Когил, е прогласен за „персона нон грата“ и мора да ја напушти територијата на Руската Федерација во рок од една недела. соопшти Министерството, пренесено од руските медиуми.
Оттаму нагласуваат дека мерката е реакција на „непријателските антируски“ акции на британската страна и дека реакцијата на Русија нема да биде ограничена само на оваа мерка.
Министерството забележува дека ќе го информира Лондон за натамошните руски одговори на протерувањето на руското воено аташе.
Британскиот министер за внатрешни работи, Џејмс Клеверли, изјави дека Велика Британија ќе го протера военото аташе на Руската Федерација од британска територија. Клеверли пред британскиот Парламент изјави дека британските власти ќе го отповикаат и статусот на дипломатскиот имот на некои објекти кои и припаѓаат на Русија.
Дополнително, Клеверли изјави дека Лондон ќе воведе визни ограничувања за руските дипломати. Клеверли ги објасни овие чекори како наводна борба против руските разузнавачки активности на британска територија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа