Прогнозите се позитивни: Здравствената состојба на Фицо е сериозна, но стабилна

 

Здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилна, но сепак сериозна, изјави денеска вицепремиерот и министер за одбрана Роберт Калињак.

Тој додаде дека е малку веројатно премиерот Фицо да биде префрлен во Братислава од малата градска болницаво Банска Бистрица недалеку од местото каде што во средата беше застрелан од непосредна близина. 59-годишниот Фицо беше тешко ранет од неколку истрели во гратчето Хандлова, а потоа беше опериран неколку часа.

Прорускиот шеф на словачката Влада продолжи да се лекува во болницата во Банска Бистрица, каде што беше примен по нападот во средата.

Неговиот атентатор беше изведен пред кривичен суд кој одлучи за продолжување на неговиот притвор.

19.05.2024 - 12:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега