Русите денеска 15 пати го нападнаа Харков, убиени 6 лица
Гувернерот на областа Харков во Украина, Олег Синегубов соопшти дека во напад на руската армија врз тој регион загинале шест лица, а 16 се ранети.
Руската армија употреби ракетни системи С-300 во овие напади, напиша Синегубов на платформата Телеграм како што пренесува Униан, Харков денеска бил цел на 15 пати.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски напиша на платформата X дека руските сили го искористуваат недостатокот на украински системи за воздушна одбрана и нејзината способност да уништува ракетни фрлачи во близина на границата.
Зеленски додаде дека тоа не е слабост на Украина, туку на меѓународната заедница „која три години не се осмели да се справи со терористите на начин на кој тие заслужуваат“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа