Александар Велики сеуште затворен за сообраќај

Скопскиот аеродром е сеуште затворен за сообраќај. Маглата и лошите временски услови ги откажаа сите полетувања и слетувања на Александар Велики. Се очекува авиосообраќајот да се реализира само во одреден краток период од денот, од 12 до 14 часот.

- Слетувањата закажани за скопскиот аеродром, може да бидат пренасочени на охридскиот или софискиот аеродром, соопшти концесионерот на македонските аеродроми ТАВ Македонија.

За замена на авиобилети, патниците треба да се обратат во соодветната авиокомпанија, а состојбата може да ја следат на http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=357.

Маглата го попречува нормалното одвивање и во патниот сообраќај. Поради густата магла намалена видливост од 20 до 50 метри има на патните правци Куманово - Скопје и Градско-Демир Капија.

На останатите патни правци сообраќајот се одвива без забрани и по наместа влажни коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на некои повисоки планински и осојничави места.

20.12.2013 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега