Еве кои се кандидати за избор на Спортист на годината

 

Сојузот на спортски федерации на Македонија во соработка со Агенцијата за млади и спорт и годинава традиционално го организира изборот на најдобрите спортисти за 2013 година.

Кандидатите се номинирани во девет категории.

1. Спортист на годината: Кирил Лазаров (ракомет), Димитар Ѓорѓиев (кик бокс) и Дејан Недев (традиционално карате).

2. Спортистка на годината: Билјана Црвенковски (ракомет), Илина Арсова (планинарење), Робертина Мечевска (ракомет).

3. Млад спортист на годината: Берат Јакупи (карате), Филип Талевски (ракомет) и Љупче Коцев (кик бокс).

4. Млада спортистка на годината: Сара Ристовска (ракомет), Маријана Димовска (карате), Лина Ѓорческа (тенис).

5. Најуспешен машки национален тим: Ракометен национален тим, Кугларски национален тим и Карате кумите национален тим.

6. Најуспешен женски национален тим: Ракометен национален тим, Сениорки карате Ката тим и Фудбалски национален тим.

7. Најуспешен спортист - лице со инвалидитет: Андреј Стојановски (пливање).

8. Најуспешен тренер/селектор: Драган Атанасовски (кик бокс), Ивица Обрван (ракомет), Марјан Соколовски (пливање).

9. Најуспешно организира национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија, Кик Бокс федерација на Македонија и Карате федерација на Македонија.

Во гласањето ќе учествуваат спортските новинари, спортските федерации и седумчлениот совет за спорт при Агенцијата за млади и спорт.

Свечената церемонија на прогласување на најдобрите ќе се одржи на 9 јануари 2014 година во Музејот на македонската борба. 

20.12.2013 - 11:20
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега