Јанкулоска во Будва: Македонија се бори за намалување на бројот на нелегални азиланти

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска заедно со министерот за правда Блерим Беџети е во посета на Будва, имаше свое обраќање на форумот „ЕУ – Западен Балкан“.

Министерката пред присутните на форумот говореше за намалување на бројот на нелегалните азиланти кои потекнуваат од Македонија.

- Ја искористив приликата да потенцирам дека борбата против нелегалните миграции не може да биде оставена само на една земја, пред се заради тоа што ваквата борба бара регионални капацитети и регионален одговор. Во таа смисла потенцирав дека Република Македонија како земја која практично е на надворешната граница на ЕУ се соочува со сериозен проблем на мигранти кои доаѓаат преку јужната граница и за разлика од сите други соседни држави со кои имаме различни модели на гранично управување кои подразбираат интензивна и секојдневна соработка, вели Јанкуловска.

За жал со Република Грција, како што посочува, соработката не е на нивото како што македонската страна посакува да биде.

- И како иден претседавач со ЕУ упатив уште еден апел до оваа земја да се подигне нивото на соработка бидејќи тоа е од интерес не само на нашите две држави, туку и на целата ЕУ, нагласи македонската министерка за внатрешни работи.

На собирот учествува и министерот за правда Блерим Беџети, кој денеска ќе има обраќање за реформата на правосудниот систем во Македонија.

20.12.2013 - 11:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега