Уапсен 16-годишник кој до смрт го претепа братот на министерот во БиХ
Уапсен 16-годишник, осомничен дека го претепал до смрт братот на министерот во БиХ.
Идентификувани се двајца малолетници кои се осомничени дека го претепале Ѓорѓе Мијатовиќ – братот на министерот на БиХ, Војин Мијатовиќ, во паркот на Вождовац, а еден од осомничените (16) е уапсен, пишува Кликс.
Малолетниот се товари за тешко убиство и ќе биде изведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград, јавуваат белградските медиуми.
Како што беше потврдено, малолетниците се сомничат дека со неколку удари во главата го удриле Мијатовиќ, кој почина неколку часа подоцна.
Обдукцијата покажала дека Мијатовиќ претрпел шест удари и дека черепот му бил скршен. После тоа добил епилептичен напад и срцев удар.
Интензивно се трага по второпријавениот, известуваат од полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа