ВИДЕО: Директен судир на автобус и автомобил кај Младеновац, еден загинат и голем број повредени

 


Утрово тешка сообраќајна несреќа се случила кај Младеновац, Србија при што се судриле автобус и автомобил.

Возачот на патничко возило загинал во судирот со автобусот ,а 30 луѓе се однесени во итниот центар, според Танјуг.

Директниот судир на автобусот и теренскиот автомобил се случил околу 5:40 на патот Мали Ватревац – Младеновац до рампата на патарината, а во несреќата учествувале и џип и автобус на линија 493.

Повредените се транспортирани во ургентен центар од амбулантни возила и приватни автомобили.

Повеќето патници се со полесни повреди.

Истрагата е во тек.

Министерот за градежништво, транспортот и инфраструктурата Горан Вешиќ во посета на ТВ Прва, истакна дека добил информации дека има сообраќајна несреќа, но дека причината е сè уште непозната.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)

29.05.2024 - 08:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа