Човек се заглави во авионски мотор на аеродромот во Амстердам

 

„Едно лице почина на аеродромот Шипхол во Амстердам, откако остана заробено во мотор на авион кој почна да работи“, соопшти полицијата, според Скај њуз.

„Инцидентот се случи попладнево на платформата Шипхол, при што едно лице падна во запален авионски мотор и почина“, беше објавено на X на профилот на Кралската воена полиција во Холандија.

„Загрижени сме за патниците и колегите кои беа сведоци на ова. Кралската воена полиција моментално спроведува истрага“ соопштија Од аеродромот во Шипхол и изразија длабоко сочувство до семејството на починатиот.

Според досегашните информации, авионот е во сопственост на авиокомпанијата KLM, која во соопштение за јавноста наведуваат дека околностите сè уште се истражуваат.

29.05.2024 - 19:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега