Утрово најстудено во Лазарополе, најмногу дожд во Дебар
Најниска температура утрово од 4 степени Целзиусови е измерена во Лазарополе. Следат Берово со 5 степени, 6 во Попова Шапка, 7 Маврови Анови, 9 во Крива Паланка, Охрид, Битола и Крушево, 10 во Скопје-Петровец, Демир Капија, Тетово, Прилеп, Штип и во Струмица, 11 Виница, Куманово, Велес и 12 степени во Скопје кај Зајчев Рид, Дојран, Гевгелија и во Кавадарци.
Според податоците од водомерните места на УХМР, во изминатите 24 часа до 08 часот најмногу воден талог е наврнат во Дебар - 7 л/м2, потоа 4 во Крушево и Виница, 2 Струмица и 1 л/м2 во Лазарополе.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне, особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. UV индексот ќе изенсува 6.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 26 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа