Тензично пред и внатре во албанскиот парламент: Запалени гуми, полицијата нападната со камења и шишиња вода
Во законодавниот дом во Албанија, пленарната седница почнаа со тензии откако мнозинството го одби барањето на опозицијата да се расправа околу истражувачките стории на италијанската РАИ3 и најтиражниот германски весник „БИЛД“ каде Албанија е нарекувана наркодржава, како и барањето да му се дозволи на Сали Бериша, кој е во куќен притвор, да присуствува на седниците.
Фљамур Нока, поранешен министер за внатрешни работи заедно со дел од колегите од опозицијата ја блокираа говорницата, се судрија со припадниците на Националната гарда, кои се дел од обезбедувањето, по што по неколкуте опомени, претседателката на парламентот, Линдита Никола го исклучи Нока од седницата, обраќајќи му се со зборовите „Не ме плашиш, ти си човек на лице прогласено за нон грата. Срам да ви е“.
Поради недостиг на атмосфера за работа, Никола на двапати беше принудена да ја прекине седницата.
Многу потензично е пред парламентот каде демонстрантите, откако запалија гуми, фрлаа молотови коктели, камења и шишиња со вода кон полицајците, а започнаа и физички пресметки со полицијата, обидувајќи се да го пробијат кордонот и да влезат во Собранието, по што полицијата употреби и солзавец.
Обезбедувањето е засилено со припадниците на единицата за брзи интервенции, а во близина на објектот има и цистерни со вода, во случај на потреба.
Бериша, кој од декември е во домашен притвор од кога му беше одземен пратеничкиот имунитет, на крајот од минатиот месец му беа укинати сите финансиски привилегии, вклучително и пратеничката плата. Доколку до 11 месецов не присуствува на седница во парламентот го губи пратеничкиот мандат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа