Меџити: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“ вечерва се на прагот да го финализираат формирањето на влада

 

Мандатарот Хистијан Мицкоски и лидерите на коалицијата „Вреди“ вечерва ја финализират владата. Изет Меџити од коалицијата Вреди за ТВ 24 потврди дека вечерва се очекува да си подадат рака со мандатарот Христијан Мицкоски.

- И таму се при крај преговорите и коалицијата Влен и со ВМРО ќе ги затворат преговорите за формирање на влада. Принципите на новата влада се утврдени, програмите се хармонизирани и при крај сме со третиот ешалон. Анализираме кој каде ќе биде од коалицијата и очигледно е дека Касами се враќа како градоначалник на Тетово, оценивме дека Гаши е поискусен за претседател на Собрание. Таравари најверојатно ќе биде идниот министер за здравство, таму е дилемата дали ќе има предвремени локални избори, а тоа ќе биде премногу за буџетот на државата и граѓаните на Гостивар. - рече Меџити.

06.06.2024 - 21:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега