Бајден: Нема да го помилувам мојот син доколку биде осуден

 

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот дека нема да го помилува својот син Хантер, кому му се суди во Делавер под обвинение дека го прекршил законот кој им забранува на корисниците на дрога да поседуваат огнено оружје.

Во интервју за Еј-би-си Њуз, тој одговори со „да“ на прашањето дали ја отфрла можноста за помилување за Хантер. Тој исто така одговори со „да“ на прашањето дали ќе ја прифати пресудата во судскиот процес кој почна неделава.

Доколку биде осуден по сите точки од обвинението во Делавер, Хантер Бајден се соочува со затворска казна до 25 години, иако обвинетите обично добиваат пократки казни, според американското Министерство за правда. 

Хантер Бајден, чие судење започна во вторникот, е обвинет дека не пријавил употреба на дрога кога купил пиштол во 2018 година и нелегално поседувал пиштол 11 дена во октомври 2018 година. Тој се изјасни за невин.

 
06.06.2024 - 22:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега