Нов инцидент со авион „Боинг 737“: За влакно избегнат пад по драматичното полетување
Авионот „Боинг 737“, кој превезувал 163 патници до Гран Канарија, едвај успеал да се крене од пистата за време на полетувањето, прелетувајќи над блискиот автопат на височина од само 30 метри.
Патничкиот авион со 163 патници и девет членови на екипажот за влакно избегнал пад по драматичното полетување од британскиот аеродром.
Инцидентот се случил во авион „Боинг“, кој долго време имал бројни технички проблеми.
„TUI Boeing 737-800“ требаше да полета од аеродромот Бристол до Гран Канарија, но иако пистата беше долга речиси два километри, полетувањето започна на едвај 260 метри пред крајот на пистата, а авионот се издигна во воздух на само три метри пред крајот.
Кога тркалата конечно се кренале во воздух, авионот летал со брзина од само 150 јазли, пренесува „Дневник.хр“.
Драматично било и на блискиот автопат А38, кој авионот го прелетал на височина помала од 30 метри.
Проблемот со полетувањето бил предизвикан од софтверска грешка, поради која авионот немал доволно моќ да се искачи.
Министерството за транспорт го истражува овој инцидент и издаде посебно предупредување до авиокомпаниите кои управуваат со новата генерација на серијата Боинг 737-800, поради софтверски проблеми кои ја загрозија безбедноста на летовите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа