Пукање во Филаделфија: Ранети седум лица, меѓу нив има тројца тинејџери
Седум лица се ранети во пукотница во Филаделфија во американската сојузна држава Пенсилванија и се во стабилна состојба.
Полицијата соопшти дека пукањето се случило во средата вечерта и дека меѓу ранетите има тројца тинејџери на возраст од 16, 18 и 19 години.
На местото на настанот не е пронајдено оружје и засега нема уапсени, информираат од полицијата.
Истрагата за пукањето е во тек, пренесе АП.
20.06.2024 - 09:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа