Две девојки загинаа во крвава сообраќајка - „Опел Корса“ падна во провалија кај Валандово
Страотна сообраќајка се случила утрово околу 4:40 часот на патот Струмица-Валандово. Во несреќата загинале две млади девојки, а две момчиња заработиле повреди.
Според информациите на Курир, сообраќајката се случила кога 25 годишниот П.К. од гевгелиско Негорци кој управувал со „Опел Вектра“ изгубил контрола над автомобилот,излетал од патот и паднал во провалија.
На лице место загинале 25 годишната Н.М. и 31 годишната М.П. од Миравци, додека возачот П.К. и сопатникот Т.Д. (25) заработиле повреди.
Како што објавува Курир, четворицата биле колеги и се враќале дома по завршување на смената во казиното каде работеле.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.
21.12.2013 - 10:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа