Пикникот се претворил во хорор: Загина тригодишно дете во Италија

 

Тригодишно девојче загинало кога паднало во канал во областа Ронкајет во Падова додека било на пикник со родителите.

Тоа било со родителите, по потекло од Камерун, и нивните пријатели кога се оддалечило и паднало во каналот.

Девојчето се оддалечило од своите мајка и татко, кои биле на паркингот во близина на местото што го избрале за пикник.

Тие се одлучиле за место полно зеленило во близина на нивниот семеен дом, а уживањето се претворило во хорор кога девојчето исчезнало.

Мајката и таткото го нашле девојчето како умира во каналот поради што повикале брза помош.

Карабинерите реагирале на повикот за итна помош во рекордно време, но девојчето починало набргу по приемот на педијатриското одделение во Падова.

24.06.2024 - 14:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега