Пуштено во употреба мултифункционалното игралиште во Текија, општина Илинден
Општина Илинден изврши целосна реконструкција на спортското игралиште кое се наоѓа во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија, каде од игралиште за мал фудбал сега е мултифункционално игралиште за фудбал, кошарка и ракомет, а дел од комплексот е и новото детско игралиште.
Како што истакна градоначалникот Александар Георгиевски, жителите од ова населено место добија целосно ново место за спортување, игра и рекреација. Целосно е обновен асфалтниот слој, извршено е проширување на теренот, поставено лед осветлување, обновена е на заштитната ограда, поставени се нови голови, кош, клупи, корпи за отпадоци, како и партерно уредување на просторот. Покрај спортското игралиште реконструирано е и детско игралиште со реквизити како нишалки и клацкалки.
Со обновувањето на игралиштето се создадени се услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.
Од Општина Илинден најавија дека ќе продолжат со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа