Сеул: Девет лица загинаа откако возило удри во група пешаци

 

Автомобил удри пешаци во близина на градското собрание во Сеул, при што загинаа девет лица, а најмалку четири се повредени, јавуваат јужнокорејските медиуми повикувајќи се на полициски и пожарникарски извори.

Полициски службеник изјави дека полицијата спроведува истрага на местото на настанот, но одби да даде понатамошни информации.

Телевизијата YTN пренесе дека возилото удрило пешаци кои чекале на пешачкиот премин, откако претходно удрило два други автомобили.

На видео снимка направена од очевидец може да се види како полицаец се обидува да реанимира лице кое лежело на земјата по ударот од автомобилот. 

01.07.2024 - 19:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега