Опожарените семејства од Топанско ќе добијат нови куќи

 

Владата на денешната седница одлучи семејствата кои останаа без покрив над главата по пожарот во Топанско, да добијат нови домови. На семејствата ќе им бидат реновирани куќите и ќе добијат онолку квадрати колку што поседувале и пред пожарот.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов информираше дека 90 проценти од семејставата се згрижени кај роднини и пријатели, додека едно семејство е згрижено од Министерството во домот „25-ти Мај“ каде имаат пристојни услови за живот.

Министрите Зоран Ставрески и Неждет Мустафа истакнаа на располагање за помош на семејствата се ставени околу 280.000 евра.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски ќе им додели околу 40.000 евра на семејствата, додека 20.000 ќе обезбеди градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски.

Ставрески истакна дека за реконструкцијата се одвоени околу 14 милиони денари и декан таа ќе почне во најскоро време. Куќите повторно ќе добијат покрив и ѕидови, а Министерството за труди социјална политика ќе овозможи задоволување на основните потреби за опремување.

Спасов информираше дека во пожарите кои се случија во зградите во Штип, Тетово и скопско Ново Лисиче, немало поголема штета и жртви, бидејќи пожарите избувнувале во подрумските простории. Тој истакна дека се работи на повторно враќање на струјата во опожарените згради.

 

21.12.2013 - 16:01
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега