Австрија: Девојчиња запалиле училиште оти им било досадно
Четири 13-годишни девојчиња во средата вечерта запалија музичко училиште во Феклабрук, Австрија.
Како што објавија локалните медиуми,штетата се проценува на неколку стотици илјади евра.
Пожарот кој го зафати училиштето бил огромен, а со пожарот се бореле дури 108 пожарникари со 19 возила.
Полицијата соопшти дека најверојатно мотивот бил „здодевност“, пренесуваат австриските медиуми.
По гаснењето на пожарот вештакот утврдил каде избувнал пожарот, а истрагата покажала дека за пожарот се одговорни четири девојчиња.
Девојчињата нема да одговараат за ова дело бидејќи се помлади од возраста која е потребна за кривична одговорност.
Тие го признале делото и објасниле дека „им било досадно, а во исто време било и смешно и возбудливо“, велат од полицијата.
За овој случај се известени Јавното обвинителство и окружната администрација во Виклобрук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа