Без вода утре корисниците од улица „Мирче Ацев“

Корисниците од улицата „Мирче Ацев“, утре од 7.30 часот ќе останат без вода за пиење, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, вода за пиење ќе нема поради изведување водоводен приклучок на улицата „Мирче Ацев“ без број.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

08.07.2024 - 18:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега