Од четврток портокалов аларм во земјава, температурите ќе се искачат над 40 степени

 

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен в недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C, соопшти УХМР.

Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Денеска, според најавите, ќе биде сончево и многу топло. Попладне претежно во западните и јужните делови ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. УВ=9

09.07.2024 - 13:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега