Доколку сте во некоја од овие групи граѓани во понеделник не треба да одите на работа

 

Лицата со астма да бидат ослободени од работа. Оваа нова  мерка на Владата за заштита на населението од загадениот воздух се однесува на астматичарите од Скопје, Тетово,Кичево и Битола без ралика на возраста. Потребно е да имаат само потврда од матичен лекар. Владата на денешната отворена седница до вторник ги продолжи и претходно донесените мерки бремените жени и лицата над 60 години да не одат на работа, бидејќи загаденоста и понатаму е многу висока и не се очекува драстично подобрување на квалитетот на воздухот.

- Подготвивме брошури кои се делат низ Скопје, Тетово, Битола и Кичево да ги информиораме граѓаните за штетните влијанија доколку користат неквалитетно, дрво и гориво. Препорачавме до овие општини да направат анализа или анкета за видот на користење на гориво за затоплување по примерот на Градот Скопје, како и да се избегнува органзиирање на спортски натрпевари и дргуи културни манифестации на отворено до вторник, изјави Абдулаќим Адеми, министер за животна средина и просторно планирање.

Министерството за економија да ја разгледа можноста да субвенционира замена на стари печки со нови, а градот Скопје да помогне во чистењето на оџаците во домовите кои се греат на дрва.

-Идејата е Градот Скопје да субвенционира половина од трошоците, а Министерството за здравство да продолжи со патронажна служба кај старите лица, бидејќи апелот е тие да не излегувцаат до своите домови, додаде Адеми.

Загаденоста на воздухот во овие 4 региони на некои мерни места беше и до 7 пати над максимално дозволеното. Доколку до вторник не се се подобрат временските услови Владата ќе ја разгледа можноста за продолжување на донесените мерки.

22.12.2013 - 00:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега