Шиповиќ уште 30 дена во притвор
За 30 дена му е продолжен притворот на Мирослав Шиповиќ, претседавач на Советот на општина Центар и претседател на општинската организација на СДСМ за Центар.
Вакво решение донесе Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.
Шиповиќ е осомничен во аферата Претседавач за малверезации во работењето на Машинопромет каде тој претседавал со Управниот Одбор. Заедно со него одговарааат и 11 други лица. Полицијата се сомнева дека е сторен криминал тежок еден милион евра.
Судот не ја прифати гаранцијата - стан вреден 70.000 евра за Шиповиќ да се брани од слобода.
22.12.2013 - 10:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа