92- годишна бабичка прескокна два метри висока ограда и избега од домот за стари лица

 

На социјалните мрежи кружи видео, наводно снимено на 5 јули во кинеската провинција Шандонг.

Се тврди дека надзорната камера го снимила моментот кога 92-годишна жена избегала од дом за стари лица прескокнувајќи ја металната ограда висока два метри.

На видеото се гледа како жена прескокнува ограда во рок од 24 секунди, не покажувајќи слабост или нестабилност.

Штом вработените во домот за стари лица сфатиле дека таа е исчезната, започнала потрагата.

На кинеските мрежи може да се прочита дека четири автомобили интензивно го пребарувале теренот, а старицата на крајот била пронајдена и безбедно вратена.

Таа наводно боледувала од Алцхајмерова болест.

Установата за сместување на стари и болни лица презела мерки за спречување на вакви и слични инциденти во иднина, се наведува.

12.07.2024 - 21:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега