ВИКЕНД НА КРАЖБИ: Полицискиот билтен полн со грабежи и разбојништва

 

 

Во Скопје ограбен маркет, во Гостивар нападнат случаен минувач, ограбен таксист, испразнета куќа. Ова се четирите посериозни кражби регистрирани во полицискиот билтен за само едно деноноќие.

Најмногу пари се одземени од куќата на 65 годишниот Р.И во Гостивар. Преку дрвени скали крадецот стигнал до прозорецот и влегол во домот на гостиварецот, го пребарал и пронашол 5.000 евра. 

Во истиот град во населбата Фазанерија, три непознати лица извршиле разбојништво над 70 годишен маж од кого одземале 110 евра, 690 денари и сите негови лични документи. За овој настан полицисјата веќе открила еден од напаѓачите.

Во Скопје се регистрирани две кражби. 31 годишниот таксист И.Т останал без 1.000 денари кои патникот си ги земал од пултот на возилото. 

Околу 18:30 пак, маскиран разбојник влегол во колонијалната продавница ханама и заканувајќи и се на вработената одземал 7.000 денари.

Полицијата работи ан расчистување на сите случаи. 

 

 

22.12.2013 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега