Нова голема заплена на дрога- полицијата фати марихуана на Блаце

 

Марихуана спакувана во алуминиумска фолија откри полицијата во автомобил марка БМВ управуван од 37 годишен скопјанец кој завчера на Блаце се обидел да влезе во земјава.

9.7-те килограми дрога биле спакувани во 13 пакувања и скриени под задните седишта на автомобилот. Полицијата ја пронашла и со тоа пресекла меѓународен канал за трговија со дрога од Косово преку Македонија до западно-европските пазари.

Во истрагата за случајот биле применети псоебни истражни мерки. 

СЛучајот е поврзан со минатонеделната заплена на 140 килограми марихуана на граничниот премин Делчево. Зад двата случаи стоел 22 годишниот М.Т кој од минатата недела е во притвор. 

Денеска запленетата дрога на црниот пазар би достигнала цена од околу 30.000 евра.

 

22.12.2013 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега