Царинска управа: Спречен обид за шверц на рачни часовници со вредност од 240 илјади денари на Аеродромот во Скопје
Царинските службеници на Меѓународниот Аеродром во Скопје, вчера запленија осум рачни часовници со вкупна вредност од 240.862,00 денари. Часовниците се откриени кај македонски државјанин кој слетал со лет од Австралија, соопшти Царинската управа.
„Патникот се определил за зелен канал каде што поминуваат патниците кои немаат ништо за пријавување. На прашањето дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување, но при царинска контрола во багажот на патникот биле пронајдени непријавените часовници: еден рачен часовник Rado и седум рачни часовници Elite.
Против патникот поднесена е прекршочна пријава за непочитување на царинската регулатива“, стои во соопштението на Царинската управа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа