Свлечиште оштети канал за наводнување во неготинско
Свлечиште на земјиште оштети канал за наводнување во Неготинско, информираа денеска од подружницата на АД Водостопанство, ,,Тиквеш" во Кавадарци. Оттаму соопштија дека проблемот е кај каналот над селото Тимјаник, а поради ова свлечиште кое ја скинало каналската мрежа, без вода за наводнување останале околу 350 хектари земјоделска површина.
- Се известуваат водокорисниците од атарот на селата Тимјаник и Долни Дисан, дека веднаш ги имаме преземено сите неопходни мерки за санација на оштетувањето. Се очекува наредната недела да се нормализира водоснабдувањето, за кое навремено ќе ја информираме јавноста, подвлекоа од ,,Тиквеш" за МИА.
Додадоа дека прават напори, санирањето да биде најбрзо што може, во рамките на нивните можности.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа