Падна нов пироман: 12 пожари денеска во Македонија
Нов пироман, 8-ми по ред, падна во рацете на властите, откако започна акцијата Пожар 2024, за пронаоѓање и казнување на лицата кои палат шуми и предизвикуваат пожари. 57-годишен прилепчанец, ќе одговара кривично оти дури во пет наврати палел по шуми, по што гореле нискостеблести растенија и трева околу Македонски Брод.
Tокму во Македонски Брод и денеска е најкритично. Таму пожарот беснее дваесетина дена, со два краци. Еден кон езерото Козјак, другиот со кракот кон ловиштето Јасен, гори борова шума.
Пожарот кај брод е еден од четирите активни и опасни, од вкупно 12 кои избувнале денеска.
Критично е и на Илинска планина, таму службите десетина дена се борат и од страната на Демирхисар и од страната на Охрид. Бројот на лица кои гасат од земја е многу мал, па затоа е побарано од градоначалниците да ги зголемат човечките ресурси од копно.
Охриѓани мака мачат и со пламените јазици на Галичица, пожар којшто на наша територија навлезе од Албанија. Четвртиот активен пожар е кај Новаци.
Стигнаа анализите и за вкупниот број на пожари за месец јули. Избувнале 765 на отворен простор од пошироки размери, а 157 од нив биле шумски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа