Цивилна мобилизација за грчките наставници

 

Грчката коалициска влада, предводена од конзервативците, воведува цивилна мобилиација за наставниците за да ги спречи со штрајк да го нарушат оддржувањето на приемните испити на факултетите, што ќе се оддржат од 17 до 31 мај.

Ова е трет пат годинава владата да прибегнува кон оваа мерка, што е предвидена во случај на природна катастрофа или национална криза. 

Портпаролот на владата Симос Кедикоглу изјави дека владата ја донела оваа одлука затоа што е тоа нејзина „морална обврска“. 

Синдикатите на наставниците планираа на 17 мај да почнат штрајк со почитување на минимум од процесот на работа. Тие се незадоволни од воведувањето на подолго работно време и недоброволно преместување на наставниот кадар, наведуваат агенциите.

Владата почна да врачува наредби за цивилна мобилизација за околу 85.000 наставници, што стапува во сила во среда на 15 мај.

-Испитите ќе бидат оддржани без проблеми и на време. Врачивме се што можевме и се надеваме дека тензиите ќе се смират и дека ќе можеме да ги разгледаме правните проблеми во образованието: Дали сме горди на квалитетот на образованието што им го нудиме на нашите деца? На јазикот на кој говорат? Нна историјата што ја знаат? Јас мислам дека грчкиот јазик што нашата генерација го учеше во училиштата беше подобар од оној што децата денеска го учат, изјави Кедикоглу, пренесе АНА-МПА.

најчитано сега