Просечната плата во јуни речиси 42.000 денари - за една година пораснала 14,8%
Раст на просечната плата од 14,8% за една година бележи Државната статистика.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава е 41.939 денари.
Растот на платите, според Заводот за статистика, се должи, пред сѐ на зголемување во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (24.6 %), Административни и помошни услужни
дејности (22.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (19.6 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21.1 %), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %) и Административни и помошни услужни дејности (4.5 %).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа