Ослободен еден од двајцата приведени за убиството кај Мавровка

 

Јавното обвинителство бара притвот за еден од двајцата приведени за вчерашното убиство на паркингот кај Трговскиот центар Мавровка.

Вториот приведен по извршени проверки и распит во полиција е ослободен, дознава „Press24“.

Вчера нешто пред 10 часот среде бел ден убиен беше 60-годишниот В.Е. Пред очите на неговата сопруга. Убијците од багажникот на неговото возило одзеле црна вреќа и лап-топ компјутер по што се дале во бегство. Полицијата во акцијата за нивно пронаоѓање вклучи и хеликоптер и дронови. Возилото со странски регистарски таблички кое тие го користеа за бегство било лоцирано во Чаир. Наместо да се предадат, почнале да пукаат кон полициски службеници кои им возвратиле. Уапсени беа две лица, а полицијата сѐ уште трага по третиот осомничен.

21.08.2024 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега