Борбата помеѓу Милан и Северина продолжува
Хрватските медиуми пишуваат дека судењето помеѓу Северина и нејзиниот поранешен сопруг Милан продолжуваат со судењата, а овој пат пејачката поднесе нова тужба поради „користење на детето во медиумски цели“.
Во тужбата наводно се наведува дека две годишниот Александар бил употребен за лично медиумски да се експонира, што од страна на адвокатите на Милан е оценето како смешно.
„Само таа се сликаше за насловни страни, сама или со детето, а го употреби и за рекламна кампања. Во сето тоа таткото не беше известен“, изјавил адвокатот на Милан.
Северина неодамна соопшти дека Милан лаже дека таа не му дозволува да го види детето.
„Никогаш во животот на никого не сум се заканувал, а особено не на мајката на своето дете, за која ништо грдо во јавноста не сум рекол, ниту имам намера тоа да го направам. Детето не можев да го гледам поради прекинувањето на секој вид на комуникација, до што дојде на инсистирање на Северина. Поради тоа не можев да го гледам својот син, и денес се наоѓаме во судски процес. Единствено што сакам е да бидам рамноправен родител на своето дете како што му е родител и Северина “, истакнал Поповиќ.
Како и да е нисваната драма по судовите продолжува , а Милан е истраен во намерата да го оствари правото да го гледа синот и во Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа