Пожарот во Мариово се проширува - село Крушевица на удар
Прилепските локални власти, заедно со крисниот штаб, попладнето упатија апел до оние кои имаат имоти во мариовското село Крушевица за да се упатат таму, поради големата опасност од пожарот.
- Сите кои што имаат имот во селото Крушевица, ве замолуваме итно да се упатите кон своите имоти опремени со соодветна облека и алат за гаснење (лопати, гребла)! Пожарот за жал се доближува до селото, апелираме сите кои што се во можност да излезат и да помогнат, стои во апелот од општина Прилеп.
Инаку големиот пожар во Мариово не стивнува и се проширува и во пониски делови. Преку 150 професионалци се на теренот и главен приоритет им е да ги спасат населените места од опасноста на огнената стихија која опфатила преку 10 000 хектари, главно ниска вегерација, а огнената линија е на преку 30 километри. За опасноста од пожарот да влезе во селото крушевица денеска алармираше и прилепскиот кризен штаб.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа