Муртезани се сретна со Герт Јан Копман - дискутирано за повеќе теми

 


Во рамките на вториот ден од работната посета на Брисел, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, се сретна и со Герт Јан Копман, Генерален директор на Директоратот за соседска политика и преговори за проширување (ДГ НЕАР) на Европската комисија.

Во фокусот на дискусиите беа повеќе теми: завршувањето на скрининг процесот и следните чекори за отворање на Кластерот 1, Планот за раст и Реформската агенда, претстојниот Извештај на ЕК за земјата, добрососедските односи и регионалната соработка. Министерот Муртезани информираше за статусот на реформските процеси и ја потврди заложбата на Владата за усогласување со стандардите и вредностите на ЕУ. Се разговараше и за уставните измени и очекувањата од Европската Унија за овој важен чекор.

Во контекст на Реформската агенда чија подготовка е врз основа на насоки и усогласени процедури и чекори со Европската комисија, беше нагласена потребата од претфинансирање за да се обезбеди успешна имплементација на реформите, како би се реализирала главната цел на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, за периодот 2024-2027 – некои од придобивките од членство во Унијата да се стават на располагање на граѓаните на земјите од регионот во претпристапниот период, односно пред формалното членство во Унијата.

05.09.2024 - 18:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега