Арамија преку ноќ се збогатил за 70.000 денари - ограбена продавница во Куманово
Засега непознат сторител со фантомка на главата и ловџиска пушка, вчера вечерта ограбил продавница во кумановската приградска населба Карпош.
Грабежот се случил во периодот околу 21 часот, при што била ограбена продавницата „Елида 3“. Непознатиот разбојник и се заканил на вработената при што успеал да ја испразни касата и да се збогати за 70.000 денари.
Полицијата трага по ограбувачот.
23.12.2013 - 12:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа