Потврдено: Никогаш немало потопло лето

 

Летото 2024 година втора година по ред соборува глобални топлински рекорди, поради што најверојатно ќе биде најжешкото досега, објави денеска Европската служба за климатски промени „Коперник“ (C3S).

„Коперник“ почнал да ги снима временските услови во 1940 година, а тие датотеки ги користеле научниците за да потврдат дека летото на северната хемисфера – од јуни до август, било најтопло од прединдустрискиот период во 1850 година.

„Во текот на изминатите три месеци, светот се соочи со најтоплите јуни и август, најтоплиот ден во историјата и најжешкото бореално лето“, рече заменик директорот на C3S, Саманта Бургес. Таа истакна дека екстремните временски услови ќе станат уште поинтензивни доколку земјите не ги намалат емисиите на гасови кои ја загреваат планетата, пренесува Ројтерс. Променливата клима продолжи да предизвикува хаос ова лето, а во Судан, поплавите предизвикани од обилните дождови минатиот месец погодија повеќе од 300.000 луѓе и придонесоа за ширење на колерата во земјата разурната од војна.

Научниците потврдија и дека климатските промени предизвикуваат суша на италијанските острови Сицилија и Сардинија и дека го засилиле тајфунот „Гаеми“, кој во јули помина низ Филипините, Тајван и Кина, при што загинаа повеќе од 100 луѓе.

Климатските промени предизвикани од човекот и природниот временски феномен „Ел Нињо“, кој ги загрева површинските води во источниот дел на Тихиот Океан, доведоа до рекордно високи температури на почетокот на оваа година. Од „Коперник“ велат дека во различни делови на светот се забележани рекордно високи температури.

06.09.2024 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега