Струмичанец прикривајќи данок го оштетил Буџетот за 18.134.613 денари
За вкупно 18.134.613 денари неплатен персонален данок СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.М.(37), управител на ДПТУ „Трго Мак-Пром-МБК“ ДООЕЛ Ново Село.
Како што соопшти полицијатам, Б.М.(37), освен за „даночно затајување“, доби пријава и за кривичното дело „фалсификување или уништување деловни книги“.
Пријавениот при работењето во „Трго Мак-Пром-МБК“ ДООЕЛ не пресметал и не платил данок на додадена вредност, а во книговодствената евиденција не ги евидентирал и фактурите за набавени цигари во текот на 2011 и 2012 година при што одбегнал да плати пероснален данок, оштетувајќи го државниот Буџет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа