Тетовските арамии ни викендов не склопија око
Три кражби на три различни места во Тетовско се случиле ноќта помеѓу саботата и неделата причинувјќи поголема материјална штета на сопствениците. Засега во сите три случаи сторителите се непознати, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Штета од околу илјада евра претрпел С.С. (27) од тетовско Долно Седларце откако во посочениот период било провалено во неговата продавница во Брвеница. Откако крадците го скршиле изложното стакло, влегле внатре и одзеле 46 штеки разновидни цигари и лаптоп чија вкупна вредност се проценува на околу 60 илјади денари.
А.Б.(43) од Боговиње сопственик на градежениот плац„Артан-комерц“ бил оштетен во истиот период за блиску 800 евра отако непознати сторители ја исекле оградната жица на имотот и од четири товарни возила одзеле 600 литри нафта и два акумулатори со различен капацитет.
Третата кражба истата ноќ се случила во железарата „Заки-ком“ во тетовски Челопек сопственост на Х.С.(40) од истото село. Сторителите ја пресекле металната алка од влезната врата на железарата и потоа одзеле три моторни пили и 500 евра, од кои 400 што се наоѓале во паричник и 100 во касата. Со одземеното незабележани од никого тие набрзина го напуштиле објектот.
Во сите три случаи полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа