ВМРО-ДПМНЕ: Претседателот Иванов е одговорен и доследен политичар
Претседателот на Република Македонија, г. Ѓорѓе Иванов, е одговорен и доследен политичар и како партија ги цениме неговите активности.
Претседателот на државата треба да е прифатлив за мнозинството граѓани и ние не гледаме на Претседателот преку етнички рамки, туку гледаме преку неговата улога во заштитата на државните и националните интереси.
Ние не сме оптоварени со тоа кој кого ќе поддржи, за нас е важно да се почитува Уставот и државните интереси.Уставот посочува дека Претседател на Република Македонија се избира со мнозинство од 40% од вкупниот број граѓани гласачи.
Односот на навредување на актуелниот Претседател на Република Македонија е демонстрирање на некултура, а имајќи го предвид фактот дека Претседателот е избран на легални и легитимни избори, навредата врз него е навреда спрема мнозинството граѓани што го поддржале на тие избори.
Што се однесува до ставот на ДУИ, ние тој став го почитуваме, но апсолутно не значи дека тоа е и наш став и не значи дека за сите прашања, па и за ова, треба заеднички да настапиме или да имаме заеднички став. Ние се водиме од тоа што ние го сметаме за државен и национален интерес
(Интегрален текст од писмено соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа