По втор обид за атентат, Трамп алармира за недостаток на безбедносни сили


Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави денеска дека постои „слабост“ во напорите да се заштити и дека долго време бара повеќе персонал во неговиот тим за безбедност.

„Веќе долго време баравме повеќе луѓе, повеќе мажи и жени, повеќе луѓе“, изјави Трамп за Фокс њуз, два дена откако се случи вториот обид за атентат додека тој играше голф.

Вршителот на должноста директор на американската тајна служба, Роналд Роу Џуниор, во понеделникот им изјави на новинарите дека средствата за безбедноста на Трамп дополнително се зголемени во јули, при неговиот прв обид за атентат.

18.09.2024 - 09:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега