ВИДЕО: Хаос во Либан - по пејџерите, денеска експлодирале воки-токи направи
Воки-токи користени од либанската група Хезболах експлодирале во средата доцна попладне во јужниот дел на земјата и во јужните предградија на главниот град Бејрут, изјавија безбедносни извори и сведок, по експлозиите на илјадници пејџери во вторникот, пренесуваат светските медиуми.
Три лица загинаа од експлозивни „направи“ во градот Сохмар, во јужната долина Бека, објави либанската државна новинска агенција (ННА). Либанската државна Национална новинска агенција објави дека „старите дојавувачи“ експлодирале во куќи во јужните предградија на Бејрут и во јужен Либан.
Голем број ранети се префрлени во болниците во главниот град и во Баалбек, лоциран во долината Бека, се додава во написите.
Според дописникот на ННА, две лица се повредени откако направата експлодирала на пат во селото Али ал-Нахри, во центарот на Бека. Според друг, пејџерот експлодирал во автомобил во близина на гробишта во Џејдет Марџејун, во јужниот дел на Бека.
Израелската разузнавачка агенција Мосад, која има долга историја на софистицирани операции на странска територија, поставила експлозиви во направите увезени од Хезболах месеци пред детонациите во вторникот, изјави за Ројтерс висок либански безбедносен извор.
Бројот на загинати се искачи на 12, меѓу кои и две деца, изјави во средата либанскиот министер за здравство Фирас Абиад. Речиси 3.000 луѓе беа ранети во нападот во вторникот, вклучително и многу борци од милитантната група и иранскиот пратеник во Бејрут.
Тајвански производител на пејџери негираше дека ги направил пејџерите кои експлодираа во нападот што ги зголеми шансите за војна од целосен обем меѓу Хезболах, поддржан од Иран, и Израел, според светските агенции.
Според изјавата на Голд Аполо пренесена од странските медиуми, уредите се произведени под лиценца на компанија со седиште во унгарскиот главен град Будимпешта.
Live Footage of radio device explosion today in Lebanon. #lebanan pic.twitter.com/Ogx7hSUdGi
— Afshin Ismaeli (@Afshin_Ismaeli) September 18, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа