В петок ќе пристигне чудотворната икона на „Пресвета Богородица Троеручица“

Вo петок, на 20 септември 2024 година, во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје ќе биде донесена икона на Пресвета Богородица „Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар.

Свечениот пречек на иконата ќе биде во 17 часот пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Потоа ќе следува празнична Вечерна богослужба, по што ќе се изврши литија со иконата низ центарот на Скопје, информираше МПЦ-ОА.

„В сабота, на 21 септември 2024 година, ќе се отслужи света архијерејска Литургија, на која ќе началствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи и свештенослужители на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија и гости“, се вели во соопштението.

18.09.2024 - 17:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега